Во Чифте-амам на 18 септември, во 20 часот, со изложба ќе се претстави Љупка Делева. По повеќедецениското живеење и творење во Венеција, македонската авторка Делева го презентира својот најнов проект „Трансформации – Flusso – Flux: 1998 –2025“, кој има ретроспективен и критички карактер. Изложбата е мултимедијален архив на нејзиниот творечки опус, вклучувајќи фотографии, видеа, перформативни акции, акварели, цртежи, интервенции и други визуелни ...

„ Ме фати некоја клаустрофобија . Ме фати некој немир“.Вака визуелната уметница Љупка Делева ја објасни потребата да ја напушти Македонија во 2001 година и да мигрира во Венеција, исплашена од воениот конфликт во земјава, иако во тоа време работеше во Градскиот конзерваторски центар како дипломиран сликар на ФЛУ во Скопје, со специјализација за ѕидно и фрескосликарство, реализирана една година порано во главниот град на регион Венето. ...