Симпатизери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираат кај Порта Македонија во центарот на Скопје. Како што забележуваат екипите на „Слободен печат“, граѓаните признаваат дека дојдени се со цел да ја прослават изборната победа на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, иако официјалните резултати се далеку од конечни. На местото веќе се забележуваат партиски и државни знамиња, а меѓу присутните се слушаат разговори ...

Ѓорѓиевски во изјава за „360 степени“ рече оти прогласуваат победа, која очекува да биде двојна Со скандирања „Орце, Орце“, и „ВМРО-ДПМНЕ“, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и неговите симпатизери, симболично влегоа низ Триумфалната порта. Тие заедно се упатија кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорѓиевски во изјава за „360 степени“ рече оти прогласуваат победа, која очекува да биде двојна. ...