Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално денеска е промовиран како нов играч на Зенит. Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со рускиот тим, прифаќајќи ја понудата откако минатата сезона ја мина во редовите на евролигашот Олимпија Милано. Сепак, по проблемите со тренерот Еторе Месина и неочекувано малата минутажа, се одлучи да замине од клубот. Македонскиот кошаркар веќе настапуваше во ВТБ лигата две сезони, но во дресот на ...
Маркус Рашфорд е нов фудбалер на Барселона и доаѓа од Манчестер јунајтед на едногодишна позајмица. Англичанецот не беше во плановите на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, па мораше да си најде нов клуб. Тој и минатата полусезона ја мина на позајмица во редовите на Астон Вила. Каталонците ќе имаат опција да го откупат договорот на Рашфорд идното лето за 35 милиони евра. Напаѓачот досега во кариерата постигна 138 голови за Манчестер ...