Победник на третата трка од сезоната во Мото ГП е возачот на Дукати, Франческо Бањаја, за кого ова е 40-та победа во кариерата, а 30-та во најсилната мото-класа. Марк Маркез направи голема грешка во деветтиот круг и излета од патеката од првото место, каде имаше водство од речиси две секунди. Бањаја во тој момент остана во водство со 1,3 секунди предност пред Алекс Марекс, кого го престигна во четвртиот круг. Предноста на Бања само растеше како ...
Франческо Бањаја максимално ја искористи грешката на најголемиот ривал Марк Маркез и стигна до прва победа во новата сезона на Мото ГП шампионатот. Италијанецот триумфираше на трката за ГН на САД во Остин и ги израдува своите фанови, додека Маркез ќе чека следна шанса за нов триумф и мораше да се соочи со прекинување на победничката серија. Почетокот ветуваше нова импресивна трка за Шпанецот, но грешката во деветтиот круг значеше излетување и ...