Конвоите со хуманитарна помош во Газа продолжија непречено да влегуваат преку преминот Рафа додека се ближи крајот на првата фаза од кревкиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Газа. Камиони натоварени со помош влегоа во опустошената енклава, а групи Палестинци во очај грабаа дел од помошта што испадна од транспортерите додека поминуваа по раскопаните земјени патеки. Првата фаза од прекинот на огнот што штави крај на 15 месечната брутална ...

Израелска делегација во Каиро се обидува да постигне договор за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, кој завршува утре, за уште 42 дена, изјавија во понеделникот за Ројтерс два египетски безбедносни извори. Се додава дека Хамас не се согласува со планот за продолжување и сака да продолжи со втората фаза според првичниот договор. За време на првата фаза од прекинот на огнот, стотици палестински затвореници беа ...