Израел го суспендираше протокот на хуманитарна помош на север од Појасот Газа, но сè уште дозволува влез од југот, изјавија вчера две официјални лица. Одлуката е објавена откако беше прикажано видео од маскирани мажи во камиони со помош. Водачите на палестинските кланови рекоа дека нивниот народ ја штити помошта, а не членовите на Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во заедничка изјава со министерот за одбрана Израел Кац пред два дена ...

Најмалку 18 Палестинци беа убиени во израелски напад со дронови врз пазар во централна Газа, Деир ал-Балах, откако израелските дронови ја таргетирале полициската единица на Хамас која се обидувала да ја преземе контролата врз пазарот, изјавија лекар и сведоци. Според исказите на очевидци, израелските дронови испукале ракети кон полицајци на Хамас, облечени во цивилна облека и маски, додека се обидувале да ги спречат продавачите да продаваат ...