Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз пред домашните медиуми призна дека турнирите во затворен простор му се слаба точка. Во такви услови, тој освои само една титула - на турнирот од серијата 500 во Ротердам, кој се одржа минатата година. - Не сум толку лош, само што другите се многу подобри - рече шпанскиот ас, потсетувајќи дека Јаник Синер е главен играч во салите. По егзибициските мечеви во Ријад, Алкараз пристигна директно на Мастерсот во Париз. ...

Светскиот тениски рекет број еден Шпанецот, Карлос Алкараз, е елиминиран на почетокот од Мастерсот во Париз. Тој го прескокна првото коло, а во второто загуби од Британецот Камерон Нори по одлична борба во три сета што траеше речиси два и пол часа со 4:6, 6:3, 6:4. Познато е дека вакви незгоди му се случуваат многу почесто на Алкараз отколку на Синер, но ова е само уште еден придонес кон тезата дека Шпанецот има проблеми на побавни подлоги. ...