Капитенот на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, синоќа на гостувањето против Косово во Приштина беше исвиркан од публиката, што предизвика шок кај фудбалерот чии родители се од Косово. Џака е еден од омилените играчи кај Албанците каде и да живеат, но на Косово има и такви кај кои не е популарен. „Ме изненади што бев исвиркан. Ме боли, но треба да го прифатам тоа. Во спортот се случуваат вакви работи кои не може да се контролираат. ...

На стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина синоќа се одигра последниот квалификациски натпревар за Светското првенство, каде Косово го пречека тимот на Швајцарија. Иако натпреварот заврши со реми 1-1, главна фигура на теренот беше капитенот на Швајцарија, Гранит Џака кој беше исвиркан од страна на домашната публика. Препорачано Гранит Џака, кој има албанско потекло наместо овации, се соочи со свирежи од навивачите на Косово, што го изненади. ...