Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски вети нова градинка со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење, преку природа по светски стандарди. Тој најави целосна реконструкција на сите постоечки градинки, замена на старите изабени креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, подобрување на осветлувањето, подовите и тоалетите. – ...

Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, вели дека вистинска општина не се гради од бетон, туку од луѓе. – Образованието и грижата за децата не се трошок, туку највисока форма на инвестиција, порача Лукровски, најавувајќи нова централна градинка со капацитет од најмалку 200 деца и целосна реконструкција на сите постоечки градинки. Тој најави и сензорни зони за деца со посебни потреби, отворени училници во училиштата ...