Приватните автобуски превозници се враќаат во јавниот превоз во главниот град, откако се договориле со градоначалничката Арсовска да им го исплати долгот од 1,5 милиони евра, долг за кој градоначалничката тврдеше дека е резултат на криминал на превозниците. Но Арсовска тврди дека нема долг туку доспеани обврски. По петмесечни натегања помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и приватните превозници на автобус, Градот денеска распиша ...
Јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз. На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше ...