Обилните дождови што утрово ја зафатија општина Будва предизвикале масовно поплавување на улиците и се заканиле со неколку населени места. Три екипи на Службата за заштита и спасување биле испратени веднаш на терен. Големата количина врнежи го отежнала нормалното одвивање на сообраќајот, јавија црногорските медиуми. Граѓаните се јавувале во надлежните служби, пријавувајќи поплави што го попречуваат секојдневното движење и активностите. Еден ...

Овој проблем се повторува речиси секоја година со првите обилни дождови. Имено, реката Грѓевица пресушува поголемиот дел од годината, па нејзиното корито, особено во летните месеци, се претвора во импровизиран паркинг за стотици возила. Ова стана вообичаена практика бидејќи во Будванско поле, и покрај стотиците изградени згради и куќи, речиси и да нема уредени паркинг места, пишуваат црногорските медиуми. Обилните дождови создадоа проблеми и во ...