Катастрофалниот земјотрес во Мјанмар, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, резултираше со над 1.000 загинати и илјадници повредени. Според податоците на воената власт, бројот на жртви достигна 1.002, а над 2.300 лица се повредени. Најголем дел од загинатите се евидентирани во градот Мандалеј, додека земјотресот предизвика последици и во соседниот Тајланд. Во Тајланд животот го загубија најмалку девет луѓе. Во Бангкок, се урна ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, што на 28 март го погоди Мјанмар надмина две илјади, соопштија денеска властите. Над 3.900 луѓе се повредени, а како исчезнати се водат 270 лица. Поради големиот број на жртви во земјата е прогласена седумдневна жалост. Спасувачките операции продолжуваат. Претходно денеска од урнатините беа извлечени тројца преживеани. Земјотресот, чиј епицентар беше во близина на градот ...
Светската програма за храна започна со дистрибуција на помош во Мјанмар по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во петокот. Властите досега потврдија 1.700 загинати, но спасувачките операции сè уште се во тек, тимовите и натаму извлегуваат тела од под урнатините. Над 3.400 луѓе повредени, над 300 се водат за исчезнати, а причинета е огромна материјална штета. Првите 72 часа по земјотресот ...