Венко Крстевски, в.д. градоначалникот на Кочани, се сретна со сопственици на угостителски објекти и корисници на јавни површини. На средбата учествуваа и инспектори од Општината, ТППЕ – Кочани и Струмица. Крстевски најави тендер за избор на фирма што ќе ги отстранува нелегалните објекти. – Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните ...
В.д. градоначалникот Крстевски им даде рок од 30 дена на угостителите да ги прилагодат летните тераси согласно со законските прописи. Во спротивно, ќе следи насилно рушење на нелегалните објекти, што ќе доведе до дополнителни трошоци за сопствениците. На состанокот со сопствениците на угостителските објекти беше соопштено дека во најкус можен рок ќе се објави тендерска постапка за фирма која ќе ги отстрани нелегално изградените објекти. ...