Не очекувајте дека Украина ќе се приклучи на воениот сојуз многу брзо, како што вети претседателот Володимир Зеленски при поднесувањето на кандидатурата за „забрзано“ членство во НАТО. Не очекувајте многу за ова прашање, оти секое придвижување напред секако ќе бара консензус, пишува во својот блог дописникот од Брисел за РСЕ, Рикард Јозвијак Потегот на Украина да поднесе барање за членство во НАТО во петокот беше дочекан со големо изненадување ...
Премиерот Димитар Ковачевски се согласува со претседателот Стево Пендаровски во однос на поддршката за Украина за нејзино членство во НАТО. -Имаме јасна позиција во однос на војната во Украина – ја осудивме руската агресија. Ние барем сме држава која произлезе од поранешна Југославија и гледавме како тоа изгледа кога некој ќе наруши теријаторијален интегритет на друга држава. Ние ја имаме усогласно надворешната политика со политиката на ЕУ и сме ...