Седумгодишно девојче од селото Челопек, Тетовско, почина по болнички третман во Клиничката болница во Тетово. Детето било примено на педијатриското одделение во саботата, на 20 септември, во 20:40 часот. Директорот на болницата, Ерзен Елези, пред новинарите објасни за терапиите и третманот кој ѝ бил даден на девојчето. „Состојбата беше стабилна до следниот ден. Следниот ден повторно беа направени лабораториски анализи и беа дадени потребните ...
Здравствените инспектори од утрото вршат вонреден инспекциски надзор во тетовската болница. Се проверува текот на лекувањето на седумгодишното девојче кое почина во неделата, еден ден откако било хоспитализирано во тешка здравствена состојба. Семејството обвинува за медицинска небрежност, а лекарите тврдат – дале сè од себе. Што точно се случило истражуваат две комисии – интерна, како и комисија на Министерството за здравство, за да дојдат до ...
Основното јавно обвинителство во Тетово наложи обдукција на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое почина по третман во Клиничката болница во Тетово, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Иако наредбата беше јасна, семејството на девојчето не дозволи извршување на обдукцијата, и го изврши погребот на телото. Девојчето било хоспитализирано на 20 септември, а состојбата првично била стабилна. Меѓутоа, по потешкотии при голтањето и ...

