Ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, кој беше најавен минатата седмца, ќе биде одлична можност за публиката повторно да види на дело некои од најголемите ѕвезди на овој спорт, кои претходно дел од својата кариера поминаа во македонските клубови. На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од ...

Лино Червар се очекува да биде едно од многуте звучни имиња кои на крајот на овој месец ќе се појават во Скопје, се со јасна цел да се одбележи ракометниот спектакл наречен „Легендите на сцена“. Ревијалниот „Ол-стар“ натпревар кој ќе се одржи на 29-ти овој месец е настан кој се организира по повод 20-годишнината на Спортското радио 90,3 фм, а покрај големиот број македонски легенди, ќе видиме и интернационални ѕвезди и тренери кои оставија свој ...

Веселин Вујовиќ беше меѓу првите интернационални гости кои го потврдија своето учество во ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, закажан за 29 октомври оваа година во СЦ „Јане Сандански“. Миленикот на навивачите, популарниот „Вујо мајсторе“, не се двоумеше ни за момент кога ја доби поканата да дојде во Скопје и да биде оној што ќе води еден од двата тима на овој „All star“ натпревар. – Секогаш со задоволство се враќам во Скопје. ...

Ревијалниот ракометен спектакл насловен како „Легендите на сцена“, ќе обедини многу ѕвезди од Балканот, Европа, од времето на ѕвездениот Вардар и македонските легенди. Во организација на „Спортското радио 90,3 ФМ“, по повод прославата на 20-годишнината ќе се одигра ракометната средба во Скопје. Иако натпреварот е закажан за 29 октомври, билетите за истиот се веќе пуштени во продажба. Ќе се продаваат билети по различни цени, почнувајќи од 300 до ...