Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани, објави денеска портпароклката на Владата, Марија Митева. Таа додаде дека сместувањето и почетокот на терапиите ќе започнат веднаш штом заврши административната процедура, а здравствените тимови веќе воспоставуваат контакт со ...

Повредените од пожарот во Кочани ќе се рехабилитираат во одморалиштето „Пониква“. Со владина одлука, Министерството за внатрешни работи, како сопственик, ќе му го отстапи објектот на Министерството за здравство, со цел рехабилитација и продолжена медицинска нега на повредените. Станува збор за пациенти во стабилна состојба, но кои имаат потреба од понатамошно лекување. Одморалиштето има капацитет од 56 легла, сместени во 27 соби. Нема ништо ...