Манчестер Јунајтед утре ќе ја пречека Фиорентина на пријателскиот меч кој ќе се одигра на „Олд Трафорд“, натпревар кој дефинитивно ќе биде посебен за Давид Де Хеа. Де Хеа се „враќа дома“ во клубот во кој ги мина најубавите моменти во кариерата, клуб во кој мина повеќе од една деценија и освои трофеи во различни натпреварувања. Пред утрешната средба која е закажана за 13:45 часот, Шпанецот оствари средба со легендарниот сер Алекс Фергусон, ...

Екипите на Манчестер Јунајтед и Фиорентина одиграа пријателски натпревар на „Олд Трафорд“, кој на крајот заврши со конечен резултат 1-1 (1-1). Ова беше враќање на голманот Давид де Хеа на стадионот каде мина цели дванаесет години, а неговиот тим успеа да се избори за реми против славниот англиски гигант. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, најпрво Швајцарецот Симон Сом стрелаше во осмата минута, а потоа „ѓаволите“ израмнија со ...