Екипата на Фуксе Берлин си ја заврши задачата и со убедлива победа над Алборг (37-29) во рамки на четвртфиналето во Лигата на шампионите, има чист поглед кон Ф4-турнирот во Келн, на кој пласманот треба да го потврди во реваншот. Бундеслигашот одигра по планот и си ја заврши задачата со данскиот првак. До посакуваниот резултат се дојде со спектакуларно второ полувреме, откако на паузата гостинот Алборг имаше еден гол позитива (14-15). ...
Екипите на Барселона и Фуксе Берлин ги добија ПИК Сегед и Алборг и си го отворија патот до завршниот турнир во Лигата на шампионите. Каталонците иако во последно време покажуваат слабости вечерва во Унгарија славеа со 27:24 и тоа во меч во кој клучно беше второто полувреме кое гостите го реализираа со 18:14. Овие плус три се одлична можност за Барса да дојде до уште еден билет за Келн, но тоа ќе мора да го потврди во „Палау Блауграна“. ...