Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, досега се прикажуваше на 18 фестивали во Македонија и низ светот, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот „Оденсе интернационален филсмки фестивал“, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет, соопшти екипата на „Мала ...
Филмот освои пет домашни и меѓународни награди: награда од публиката и Специјално признание за актерката Јана Никодиновска на „Sирни Фестивал“ во Скопје, награда за Најдобар филм на „Филмски Фронт“ во Нови Сад и Златна награда и Најдобра актерка (Јана Никодиновска) на „Уника Кореја“ во Кореја. Покрај Оденсе, Мала шега беше селектиран на реномирани фестивали како: Hobnobben Film Festival (САД), Bardi Film Festival (Италија), Браќа Манаки ...