По комплетирање на првиот микро-циклус од подготовките во Маврово за квалификациските натпревари со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026, машката сениорска репрезентација утринава отпатува за Софија каде ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Натпреварите се играат во салата „Левски“ во Софија. Првиот натпревар е закажан за 29 јули во 17 часот, додека втората контрола на 30 јули се игра на пладне, а по ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија победи со 3-0 (26-24, 25-23, 25-16) против селекцијата на Бугарија на првиот пријателски натпревар во салата „Левски“ во Софија во рамките од подготовките за европските квалификации на почетокот на следниот месец. Македонија и Бугарија играа натпревар зад затворени врати, а Бугарите беа во проширен состав, па во договор меѓу селекторите беше одигран и дополнителен четврти сет, кој исто така и ...