Екипата на ПСЖ со голема победа заминува од Англија. Францускиот првак го победи Арсенал на „Емирати“ (0-1) и има одлична можност да игра во ново финале на Лигата на шампионите, секако, ако го покаже истото и во Париз пред својата публика. Арсенал немаше пораз во својот дом веќе 11 средби во ЛШ, се до овој дуел со парижаните. Нерешлнива енигма за нападот на англискиот премиерлигаш беше италијанскиот голман Џиџи Донарума кој повторно блесна меѓу ...
Џанлуиџи Донарума често знаеше да биде мета на големи критики во Франција поради своите изданија во првиот дел од кампањата, но како што се ближи сезоната при крај, така Италијанецот е се поодлувачки фактор на натпреварите кои ги играат „светците“. Доказ за тоа е и неговото блескаво издание кое го имаше вечерва на „Емирејтс“, стадион на кој навивачите на Арсенал останаа во неверица по двете одбрани кои ги режираше со својата лева рака. ...