Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори. Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани. На претседателските избори денеска можат да гласаат и граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот ...

Седми по ред претседателски избори. На 3.480 избирачки места во Македонија со право на глас во Избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 граѓани. Излезноста во 11 часот беше 12,78 проценти на територијата на целата држава. На избирачките места најмалку гласачи имало во Општина Врапчиште-4,32 проценти од запишаните во Избирачкиот список, а најмногу во Демир Капија, речиси 24 проценти. Последните податоци на ДИК велат ...

Седум кандидати во седмите по ред претседателски избори денеска и официјално излегуваат во трката на првиот круг за избор на шеф на државата. Гласачите ќе одлучуваат кои двајца ќе влезат во вториот изборен круг кој треба да се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори. Од Државната изборна комисија велат дека се е подготвено за процесот на избори да тече непречено изборниот материјал и читачите за отпечаток од прстот викендов се доставени ...