Конфликтот меѓу Иран и Израел ќе ја подгрее инфлацијата во Македонија, која во мај изнесуваше 3,3 отсто. Инфлацијата ќе продолжи да расте ако продолжи војната помеѓу овие две земји, оценуваат експертите, а доказ за тоа е и растот на цената на бензините, кои веќе се качија како резултат на глобалниот раст на цената на нафтата. Предвидувањата се дека растот на инфлацијата тргна и дека тешко ќе може да се запре. Економистите сметаат дека ова се ...

На валутните пазари, вредноста на амерканскиот долар во однос на кошничка валути се зголеми во раното претпладневно тргување во понеделникот, продолжувајќи го растот од минатата седмица, бидејќи американската валута се смета за безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпалднево изнесува 98,95 поени, додека во петокот ...