Својот богат и високо вреднуван поетски влог во современата македонска литература поетот Бранко Цветкоски го дополнува со новата стихозбирка ВООБРАЗБИ (лирски етиди за некој друг свет), која се појави во поетската едиција на Книгоиздателството „Макавеј“ кое оваа година одбележува 25 години од своето основање. Новото поетско дело донесува седумдесетина песни, подредени во четири тематски раздели „Наслов за залезот“, „Седенка во иднината“, ...
Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Објавена е нова стихозбирка на поетот Бранко Цветкоски - „Вообразби“ (лирски етиди за некој друг свет). Издавач е Книгоиздателството „Макавеј“ кое оваа година одбележува 25 години од своето основање. Новото поетско дело донесува седумдесетина песни, подредени во четири тематски раздели „Наслов за залезот“, „Седенка во иднината“, „Неизустените зборови“ и „Привиди. Ронки. Роморења“, а е придружено и со обемен и ...