Неколкупати прашан зошто Уставниот суд токму сега одлучил да постапува по иницијативите со кои се оспоруваат одредби од овој закон, Костадиновски вели дека Судот е должен да постапува по секој предмет за кој е доставена иницијатива. Иницијативите за овој закон, како што рече, се најстарите во Уставниот суд и кога-тогаш би дошле на ред за расправа. Дали пред пет години, сега или, пак, за пет години отсега, како што вели, сензитивноста ќе биде ...
Подготвителната седница на Уставниот суд за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците, според претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, би требало да се одржи на почетокот на март следната година. Ова, како што рече тој, е дел од постапката во која ќе бидат вклучени најеминентните стручњаци по уставно право и меѓународни стандарди, со цел, како што рече, да се судрат аргументите пред граѓаните, но не и пред политичарите, оти ...