Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Давкова во своето вечерашно обраќање се заблагодари на граѓаните и на тимот за постигнатиот успех во првиот круг од претседателските избори. Како што кажа таа, резултатот за неа е мошне инспиративен и вети остварување на ветените заложби. „Овој резултат е неверојатно инспиративен за мене, немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста..не мислам дека сум посебна во многу работи, само знам ...

По објавувањето на првичните резултати, кандидатката Гордана Силјановска Давкова вети дека како претседател ќе работи на создавање единство. Таа најави дека ќе соработува со, како што вели, партијата што ја предложила, но и со опозицијата. Според неа, претседателот треба да биде натпартиска личност, а резултатот од првиот круг го оцени како „инспиративен“. „На пати дури и се срамам зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат. Не мислам дека ...

Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене, особено сум горда на членовите на ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката. Горда сум на мојот тим и на учесниците во изборната трка. Сите знаеме дека изборниот процес е најстраствениот политички процес, изјави вечерва кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, таа порача дека жените се нејзина инспирација и многу се радува ...