Христијан Мицкоски ја презеде функцијата премиер на Република Северна Македонија. Денеска се одржа примопредавање на премиерската функција помеѓу досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, и новоизбраниот претседател на Владата. „Констатирано беше дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање на власта. ...

Мицкоски утрово и официјално ја презеде премиерската функција. Тој во зградата на Владата беше пречекан од техничкиот премиер Џафери. Веднаш по краткото примопредавање на кабиентот и функцијата новоизбраниот премиер замина во Штип. Присуствуваше на почеток на градба на сала која се гради со буџетски пари обезбедени со амандман од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција. Премиерот ја посети и штипската болница со новизбраниот ...