Фудбалерите на Шкупи стигнаа до петтата победа во низа, откако го совладаа Пелистер со 3-1 (1-0) во рамките на 21. коло на ПМФЛ. Средбата на „Чаир“ понуди три погодоци во гостинската мрежа и еден во домашната, а тимот на Алпарслан Ердем речиси рутински ги освои бодовите. Првата закана по гостинскиот гол ја имаше Кадриу од слободен удар, биеше прецизно од околу дваесет метри, ама голманот Јовчевски со одлична парада одбрани. На спротивната ...
Џемал Ибиши вчера на мечот со Пелистер одигра одлично. Напаѓачот на Шкупи беше стрелец на два од трите гола на својот тим, уште поважно некогашниот голем талент на мак-фудбалот блескаше на задоволство на фановите на чаирскиот клуб кој е во победничка серија. Токму затоа “СпортСпорт“ го прогласи Ибиши за играч на ова 21.коло, а покрај него во тимот на колото од Шкупи е и Ајетовиќ. Покрај нив во идеалниот состав на 21.коло во ПМФЛ се и Василев ...