Добивај вести на Viber МВР во координација со Јавно обвинителство има осомничено повеќе од 20 лица, околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените за предизвикувањето на овој кривично правен настан се починати, согласно сознанијата кои ги имаме, дел се во болница. Четири лица се моментално во болница, два члена на бендот, син на сопственик на клубот, менаџер кои се во болница. Ова го посочи попладнево министерот за внатрешни работи ...
МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и ...