Хрватскиот фудбалски сојуз ги извлече паровите во четвртфиналето на Купот. Најлесна задача доби Динамо Загреб кој дома ќе игра со четвртолигашот Куриловец. Се очекува една македонска пресметка на старите познаници, бидејќи Славен Белупо и Илија Несторовски одат на мегдан со новиот клуб на Александар Трајковски, Локомотива Загреб. Вараждин на Ване Јованов и Марио Младеновски ја доби Горица, а дербито ќе се игра во Ријека. Динамо Загреб - ...

Дербито од четвртфиналето ќе биде меѓу Ријека и Хајдук, но за нас е поинтересен дуелот меѓу Славен Белупо и Локомотива Загреб. Тоа ќе биде дуел на Илија Несторовски кој игра за Славен Белупо и Александар Трајковски кој неодамна попиша за Локомотив Загреб и веќе дебитираше за овој тим. Куп на Хрватска четвртфинале: Риека – Хајдук Славен Белупо – Локомотива Динамо Загреб – Куриловец Вараждин – Горица Овие натпревари ќе се играат на 3 и 4 март ...