Одличен Лидс на свој терен вечерва против Евертон и победа од 1:0. Големи три бода на стартот во новата сезона за повратникот во Премиер лигата. Одлучувачкиот момент се случи во 84.минута кога гостинскиот играч Тарковски играше со рака во својот казнет простор, тоа за судијата Крис Каванах беше пенал, а и ВАР ја потврди одлуката, додека сигурен пеналџија беше Нмеча кој само што влезе во игра пест минути порано. Инаку да кажеме дека судијата ...
Лидс Јунајтед се врати на голема врата во Премиер лигата, бидејќи на својот прв натпревар во новата сезона оствари важна победа на „Еланд Роуд“. На натпревар на кој речиси сите очи беа вперени кон Џек Грилиш и неговото деби во дресот на Евертон, шоуто на крајот му припадна на Лукас Нмеча, засилувањето од Волфзбург кој погоди за победа на своето деби во англиската елита. Лидс беше подобар ривал во текот на целиот меч и доби заслужена награда за ...