Ракометарите на Вардар славеа во градската пресметка со Бутел Скопје со 36-30 (19-18) во рамките на деветтото коло на Суперлигата. Средбата во малата сала при СЦ „Борис Трајковски“ понуди релативно израмнет прв дел, а потоа фаворитот го скрши гостинскиот отпор за деветта победа. Отворија вардарци перфектно, тргнаа со три гола на Талески, Тузолана и Малус (3-0). Ова водство го одржуваа во првите десетина минути, а потоа водени од расположениот ...

Поранешниот македонски шампион Вардар ја забележа деветтата победа по ред во Суперлигата, совладувајќи го скопскиот ривал Бутел со 36-30 во деветтото коло. Црвено-црните ја контролираа играта во поголемиот дел од првото полувреме и стигнаа до предност од +4 (10-6), но Бутел брзо се врати и направи пресврт (17-16). Сепак, Вардар успеа да се соземе и на полувремето замина со минимална предност, 19-18. Во второто полувреме, Вардар го засили ...