Според пишувањата на угледниот германски весник „Билд“, најсериозен кандидат за нов тренер на германскиот бундеслигаш Лајпциг е актуелниот тренер на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер – Шпанецот Раул Алонсо. По разочарувачкиот крај на сезоната со пет порази во низа и само две победи во последните 14 натпревари, раководството на бундеслигашот реши да стави крај на соработката со тренерот Рунар Сигтригсон. Претходно како потенцијални ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со поранешниот репрезентативец Дејан Манасков за уште една сезона. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес. Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните ...

Одличниот крај на сезоната и немерливите заслуги за освојувањето на титулата не останаа не забележани од управата на Еурофарм Пелистер. Битолскиот клуб денес објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со првакот на Македонија. „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една ...