Фудбалерите на Реал Мадрид ја запишаа првата победа на Светското клупско првенство кое се одржува во Соединетите Американски Држави и тоа против составот на Пачука. Иако Реал најголемиот дел од натпреварот го одигра со десетмина на теренот тоа не се покажа како проблем да се дојде до посакуваниот резултат, триумф од 3-1. Асенсио уште на самиот старт во 7 минута заработи директен црвен картон откако излезе наивен по дуелот со искусниот Рондон. ...

Фудбалерите на Реал Мадрид не дозволија уште едно разочарување на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави. Во второто коло од групата Х европскиот гигант со сигурни 3-1 (2-0) го совлада мексиканскиот претставник Пачука и по ремито со Ал-Хилал ја запиша првата победа на планетарниот собир. Треба да се напомене дека „кралевите“ до победата стигнаа со играч помалку, затоа што уште од седмата минута црвен картон заработи Раул ...