Екипите на Брера Струмица и Шкупи се сретнаа во „дербито на дното“ од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, а победата замина кај домашниот тим, кој славеше со минимални 1-0 (0-0). Натпреварот започна со малку помирно темпо, иако гостите од Скопје беа тие што беа во подобар ритам и создадоа две шанси во воведниот период. Брера се трудеше да продре низ средината и да пријде до голот, но одбраната на чаирчани беше солидно поставена. ...

Тимот на Силекс продолжува да ниже победи во Првата македонска фудбалска лига, а нова жртва беше составот на Работнички кој настрада во Кратово со 3-1. Четата на Васоски беше фаворит и дојде до трите бода со погодоците на Хрвановиќ, Алиќ и Матески. На другата страна прецизен беше Асани и тоа од белата точка. За разлика од Силекс кој има „пет од пет“, „романтичарите“ се очајни и од вкупно 15 имаат освоено само еден бод. Екипата на Брера Струмица ...