Вчера во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано „Скокото“ кај Равна река, пехчевско, педесет и осумгодишниот И.Д. од Берово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река. Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово, ...

На 12.05.2025 во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип–Скопје, после наплатна станица Преод, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(50) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(59) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. ...