Дваесет и шест лидери на земјите-членки на Европската Унија објавија дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина и дека секое дипломатско решение мора да ги заштити украинските и европските безбедносни интереси. Во заедничката изјава, усвоена доцна синоќа и објавена денеска, се наведува дека разговорите „можат да имаат смисол само во контекст на прекин на огнот или намалување на непријателствата“, јавија британските ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со својот руски колега Владимир Путин на Алјаска, би можел да им постави ултиматум на Украина и на ЕУ за да ги поттикне кон прифаќање мировен договор, пишува „Економист“. Ова би можело да ги стави Украина и нејзините европски сојузници во ситуација без добивка: или потпишете го договорот со Русија и договорете се за реструктуирање на европската безбедност или отфрлете го и ризикувајте Трамп да ...