Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Германија во рамките на второто коло во групата А на ЕП има негатива од 13-18. Ненад Костески со три гола е прв стрелец, по два имаат Лазаревски, Јагуриноски, Митев и Никола Костески. Пред полни трибини во „Мерцедес Бенц Арената“ се игра мечот меѓу Македонија и Германија. Атмосферата е навистина одлична, домаќинот се погрижил за секоја детал кога игра германската репрезентација. ...

Македонија губи на полувреме од домашната селекција на Германија со резултат (18:13). Избраниците на Лазаров парираа во првите десетина минути, по што следуваше лош период во играта. Големиот број неизнудени технички грешки, резултираа со лесни голови во нашата мрежа, а Германија со серија од 4-0 се одлепи на 9:4. Највисокото водтсво за “панцирите“ беше 16-9 во 25.минута, а во последните пет минути нашата репрезентација успеа да намали два од ...