Фудбалерите на Работнички и Македонија ЃП ги поделија бодовите во натпреварот од десеттото коло на Првата македонска лига, кој заврши со најнепопуларниот резултат, 0-0. Првото полувреме понуди отворена и динамична игра на двете страни од теренот, а гостите беа тие што имаа повеќе конкретни шанси за погодок. „Лавовите“ од Ѓорче имаа неколку добри прилики, во 2-3 наврати одлично истрча Талаков, а потоа и Клинтон Осеи, но не успеаја да го отворат ...

Брера направи големо изненадување со триумфот од 2-4 во Струга против актуелниот лидер на табелата во Првата лига. Тоа е прв пораз за стружани во шампионатот. Брера уште од стартот најави изненадување, постигна два гола во третата и во седмата минута преку Наумчески и Стојанов. Возврати Струга ТЛ во 11-тата минута со голот на Зенку, но потоа следеше уште еден шок и трет гол за Брера. Бесмир Бојку постигна спектакуларен гол од 30 метри, но во ...