Во делот за сообраќај, Шукова најави промена во приоритетите, најавувајќи дека пешаците и велосипедистите ќе бидат на врвот на сообраќајната пирамида Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, која се темели на одржливост, рамномерност и хуманост. Клучна цел на нејзината програма е пренасочување на развојот кон северниот дел на градот, давање приоритет на ...

„Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што се развива со луѓето, за луѓето“, изјави Шукова. Таа нагласи дека клучна цел е воспоставување баланс во урбаниот развој меѓу јужниот и северниот дел на градот. „Неконтролираната градежна експанзија јужно од Вардар ја надмина инфраструктурата ...