Од ФК Брегалница преку официјално соопштение реагираат на случувањата на денешниот натпревар против Башкими во Куманово во последното есенско коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Штипјани се револтирани поради тоа што, како што велат, во текот на натпреварот и нивните фудбалери и судиите постојано биле изложени на континуирани притисоци од страна на неслужбени лица кои постојано биле покрај теренот, и покрај тоа што натпреварот се играл ...
Екипата на Брегалница загубо од Башкими со 2-0 во последното есенско коло од Втората македонска фудбалска лига. Овој натпревар беше прекинат во првиот дел, поради обид на две лица да влетаат на терен и да се пресметаат со судијата Игор Иванов. Постоеше огромен гнев кон велешанецот, па поради тоа ситуацијата за малку не ескалираше. Навремената реакција на редарите спречи да се случи поголем скандал. За ситуацијата реакција имаше и од фудбалскиот ...