Фудбалерите на Челси продолжуваат со серијата добри резултати во финишот на сезоната, откако вечерва во 34. коло на Премиер лигата славеа против Евертон со 1-0. Препорачано Избраниците на Енцо Мареска беа подобриот тим на „Стемфорд Бриџ“, а победата им ја донесе Николас Џексон со погодок во првото полувреме. И покрај доминацијата во продолжението, „сините“ не успеаа да ја зголемат предноста. 🚨🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 GOAL | Chelsea 1-0 Everton | Nicolas ...

По двете реми средби, Челси сега врза и две победи во низа во Премиер лигата, а со тоа јасно стави до знаење дека докрај планира да води битка за пласман во Лигата на шампиони. Тимот на Енцо Мареска имаше императив да освои три бода ова попладне на „Стемфорд Бриџ“, нешто што успеа да го направи благодарение на една пресечена топка на средината на теренот, која потоа дојде до Џексон кој погоди за 1:0. Напаѓачот на Челси одлично биеше по додавање ...