Иран итно сигнализираше дека сака да ги прекине непријателствата и да ги продолжи разговорите за својата нуклеарна програма и испрати пораки до Израел и до САД преку арапски посредници, објави денеска „Волстрит џурнал“ (Wall street journal) повикувајќи се на арапски официјални претставници. Според весникот, Техеран на арапските официјални претставници власти им соопштил дека е подготвен да се врати на преговарачката маса сè додека САД не се ...
Иран побара од Катар, Саудиска Арабија и Оман да го поттикнат американскиот претседател Доналд Трамп да ја искористи својата влијателност врз Израел и да се договори за итен прекин на огнот во замена за иранска флексибилност во нуклеарните преговори, изјавиле за Ројтерс два ирански и три регионални извори. Лидерите на Заливот и нивните највисоки дипломати во текот на целиот викенд воделе телефонски разговори со Техеран, Вашингтон и други актери ...