Славески и Лејн водеа дивовска битка која траеше пет рунди. Македонскиот борец беше во нокдаун во третата и петтата рунда, што на крајот се покажа пресудно за победата на Лејн. Тој загуби со едногласна одлука на судиите во корист на неговиот противник (49-44, 49-44, 48-45). Славески, кој е роден во Скопје, но се натпреварува од Мајами и покрај поразот останува еден од најперспективните борци во ова аконкуренција, со досегашен биланс од шест ...
Горјан Славески претрпе пораз од искусниот Џулијан Лејн на настанот што се одржа во рамките на БКФЦ 79 во Соединетите Американски Држави. Нашиот борец издржа пет жестоки рунди против Лејн, меѓутоа противникот беше подобар и потврда за тоа беше едногласната одлука на судиите (49-44, 49-44, 48-45). Ова за популарниот Гого беше прв пораз во Првенството во бокс со голи раце (БКФЦ), резултат кој спортски го призна, ама и воедно најави дека ќе се ...