„Не планираме по 7 потрошени години власт, да влегуваме во пресметка на СДС чив е експресниот пат. Тој не е ниту на СДС, ниту на ДУИ или друга партија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Тој рече дека во изминатите седум години не бил реализиран ниту еден проект. „Народот знае дека шајка не заковаа 7 години и како е можно за 7 години да немаа отворање на ниеден сериозен инфраструктурен ...
Овој инфраструктурен проект претставува и е симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија, истакна во денешното свое обраќање на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Крива Паланка - Длабочица - Страцин, претседателот на владата на Република Македонија Христијан Мицкоски. „Со особена чест и задоволство денеска сме тука за да ја одбележиме оваа значајна пресвртница, свечено отварање на експресниот пат Крива Паланка – ...