Криминалот во Државна лотарија добива епидемиски размери, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, првиот вицепремиер Артан Груби и Перпарим Бајрами, за кого велат дека е негов близок соработник, системски краделе од институцијата и профитирале милиони евра преку злоупотреба на тендерски постапки. „Артан Груби и Перпарим Бајрами злоупотребиле повеќе од 8 милиони евра преку тендери во Државна лотарија. Ова е документиран криминал од ...

Според соопштението, скандалот се поврзува со тендери за набавка на телевизори, компјутери и комуникациска опрема во вредност од 400.000 евра. Тие додаваат дека иако е потпишан прием за опремата, по проверки таа не била пронајдена. „СДСM знаеле за ваквиот криминал, но свесно молчеле за да ги остават Груби и ДУИ да крадат од институциите. Дури и сега, кога сè излегува на виделина, ги нема да го осудат ваквото однесување и да го повикаат Груби да ...