Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со соопштение по повод досудениот пенал во финишот на мечот меѓу Брера Струмица и Башкими, по кој гостите останаа без победа. Судијата Салихи Пларент од Тетово доби негативна оценка од контролорот на судењето заради погрешната проценка. „На денешниот натпревар од деветтото коло на ПМФЛ, помеѓу екипите на АП Брера и Башкими, во 85. минута главниот судија досуди казнен удар ...
Брера Струмица и Башкими ги поделија бодовите на денешниот натпревар кој се одигра во Првата македонска фудбалска лига, но по крајот на истиот, во прв план се најде дуелот во шеснаесетникот меѓу Пановски и Драме. Башкими имаше водство како гостин во Струмица се до самата завршница, но тогаш главниот арбитар Пларент Салихи досуди пенал, а својата одлука ја остави непроменета и покрај тоа што беше повикан да го провери спорниот момент преку ВАР ...