Владата продолжува со практиката на селективно, арбитрерно и коруптивно доделување буџетски пари на медиумите. Без скрупули. Без срам. Овој пат пари од даночните обврзници ќе добијат печатените медиуми. За таа цел владата усвоила измени на Законот за медиуми. „Аргументите“ во образложението се неодржливи и смешни. Бидејќи од авион се гледа дека е ова класична предизборна корупција! Ај, настрана парите. Веќе се навикнавме владата да им дели ...
Па добро бре, шверцери владини, толку ли ви беше тешко во членот 2 од Законот за медиуми да додадете само два збора – интернет медиуми, или интернет портали, или онлајн медиуми? Тоа нема да ја чини државата ни 1 денар! Па како не им е срам на сите министри, на политичките партии коишто партиципираат во техничката влада, на новинарските здруженија и на сите други општествени фактори кои со години јадат трици дека порталите мора да се регулираат ...