Дали македонскиот репрезентативен напаѓач, Лирим Ќамили (27), својата кариера ќе ја продолжи во Бугарија, во тимот на ЦСКА Софија? Имено медиумите во Данска и Бугарија пренесуваат дека „армејците“ му нудат на Сондерјиске сума од 600.000 евра со цел да го доведат Ќамили во Софија. Засега нема позитивен одговор од Сондерјиске, целта била да се дојде до договор за поголема сума, но трансферот можел и да пропадне ако се знае дека ЦСКА дала кус рок ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Лирим Ќамили е на радарот на бугарскиот фудбалски клуб ЦСКА Софија. Како што пренесуваат данските медиуми, клубот од Бугарија испратил официјална понуда до Сондерјиске за услугите на 27-годишниот офанзивец, но таа засега е одбиена. Според информациите на реномираното данско издание „Tipsbladet“, ЦСКА испратила неколку понуди за Ќамили, при што последната достигнала вредност од 600.000 евра. Сепак, клубот од ...